Македонија 03. април 2020. / 19:51

Владата немаше слух за Куманово, таму сега има хаварија со пандемијата, вели Мицкоски

Владата немаше слух за Куманово, таму сега има хаварија со пандемијата, вели Мицкоски

Бројот на инфицирани од корона вирусот е се поголем. Денес имаме алармантен податок 11 медицински лица се заразени. Ако се почитуваат протоколите и ако има доволно заштитна опрема, тогаш зошто толку многу медицински заболени и тоа само во Куманово, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на емисијата Само интервју на телевизија Канал 5.

Суштината, вели тој, е како најбезболно да ја поминеме оваа работа со корона вирусот.

-Од кога апелираше градоначалникот на Куманово дека треба мерки, дека треба карантин. Па тоа не се случи. Тоа е нивни човек е и не го слушаат. Еве сега денеска излезе владата конечно и кажа дополнителни мерки, рече Мицкоски.

Тој наопемна дека веднаш по ширењето на вирусот на самиот почеток ВМРО-ДПМНЕ предложи карантин и посебни мерки за Куманово.