Македонија 13. април 2020. / 12:39

Владата на седница за евентуалните нови мерки за спречување на епидемијата на корона вирусот

Денеска со почеток во 14 часот, Владата ќе одржи седница на која ќе ги разгледа евентуалните мерки што треба да бидат преземени за спречување на ширење на епидемијата на вирусот Ковид-19.

Како што информираат од Владината прес-служба, за заклучоците од седницата ќе информираат со соопштение веднаш штом таа ќе биде завршена.