Неверојатна коинциденција во сумите кои деновиве се во оптек во правец Влада – Арачиново и Арачиново – МВР.
Вредноста на одземената дрога во акцијата на МВР пред три дена од Арачиново е многу слична на сумата која владата ја даде денеска на оваа општина.
На денешната седница, Владата донела одлука да го помогне селото – општина Арачиново со 500.000 евра неповратна помош.
–Владата денеска донесе одлука за одобрување на средства од Буџетот на Република Македонија за 2020 година во висина од 30.000.000 денари на Општина Арачиново, како еднократна неповратна финансиска поддршка, за справување со потешкотиите во тековното работење настанати поради ковид-19 кризата, соопшти Владата.
Се уште нема детали за што точно Владата дава пари од буџетот само на оваа општина, ниту дали ќе има и кој ќе врши контрола на трошењето на донацијата. Пред три дена МВР во полиција акција во истото село-општина заплени околу 270 килограми марихуана.
Вредноста на запленетата дрога на мало од жители на Арачиново е приближна на таа што ја дала владата за помош за Арачиново што на социјалните мрежи ја отвори дилемата дали се работи за некаква поврзаност на двата случаи по принципот “танте за кукурику”.