Македонија 28. април 2020. / 13:01

Владата ќе одржи седница преку видео-комуникација

Владата ќе одржи седница преку видео-комуникација

Владата  денеска во 13.30 часот ќе одржи седница, која ќе се одвива преку видео-интернет комуникација.

Како што соопшти владината прес-служба, за заклучоците од седницата ќе информираат со соопштение по нејзиното завршување.

Според најавите, на владината седница меѓудругото ќе се одлучува дали граѓаните ќе ги поминат првомајските празници во тридневен карантин, по препораките на Комисијата за заразни болести која предложи полицискиот час во земјата за 1 Мај да трае од 19 часот в четврток до пет часот в понеделник, сличен на оној на Велигденските празници.