Македонија 17. ноември 2020. / 12:03

Владата ќе ја одржи редовната 21-ва седница

Владата ќе ја одржи редовната 21-ва седница

Владата на Република Северна Македонија, денеска, со почеток во 12:30 часот, преку видеоконференциска интернет комуникација ќе ја одржи редовната 21-ва седница.

Во рамки на 21-та седница, меѓу повеќето точки од својата програма за работа и од интерес за граѓаните, Владата на дневен ред за разгледување ги има предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за вршење на сметководствени работи, како и повеќе предлог-закони предложени од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.