Владата на Република Македонија на денешната седница донесе одлука за финанска подршка од 100.000€ за Хрватска, соопшти денеска Генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири.
Денешниот земјотрес го погоди хрватскиот централен регион и имаше сила од 6,р степени според Рихтер.
Оштетени се бројни згради во Петриња, Сисак и други места.
Градоначалникот на Петриња Даринко Думбовиќ во изјава за ХТВ соопшти дека загинало едно девојче, а има повеќе повредени лица.
Земјотресот е почувствуван и во соседните земји, посебно во Босна и Херцеговина и Словенија.