Македонија

Владата го негира грчкото толкување на делови од Договорот

Владата го негира грчкото толкување на делови од Договорот

Интерпретацијата од грчката Влада на делови од Договорот не соодветствува со оригиналните делови , велат од македонската Влада.

Договорот не предвидува транскрипција на новото име на латинично писмо, како што напишаа грчките медиуми, повикувајќи се на толкување од нивната Влада, туку новото име ќе биде преведено на сите јазци. За македонскиот јазик нема да има фуснота во ОН, вели портпаролот Миле Бошњаковски. Во Договорот има член во кој пишува дека македонскиот јазик припаѓа на словенските јазици, но нема да има фуснота во Обединетите Нации.

Химната, грбот и знамето нема да се менуваат, ниту биле дел од преговорите. Личните документи и пасошите ќе се менуваат, но кога ќе истече важноста на патната исправа.

Договорот предвидува користење на придавката „македонски“, а називите на државните институции ќе треба да го следат новото име на државата.