Македонија 17. декември 2019. / 14:44

Владата ги укинува пластичните чинии, чаши, вилушки…

Владата ги укинува пластичните чинии, чаши, вилушки…

Премиерот, министрите, уставните судии веќе нема да јадат и пијат од пластични амбалажи откако Владата на вчерашната седница во Куманово донесе одлука да престанат набавки во пластична амбалажа, пакувањата на шеќер, пластични лажички за кафе и други пијалоци, сламки и прибор за еднократна употреба.

-Задолжително во понудата да се доставува и потврда за склучен договор за преземање на обврска за постапување со отпадна опрема која е основа за ослободување од плаќање на надоместок за управување со отпадна опрема или соодветно, потврда за ослободување од плаќање на надоместок за управување со отпадни батерии и акумулатори – одлучи Владата на седница.