Македонија 20. мај 2020. / 09:21

Владата денеска одлучува за движењето за Бајрам и отворањето на угостителските објекти

Владата денеска одлучува за движењето за Бајрам и отворањето на угостителските објекти

Владата денеска, според најавите, треба да одлучи какви мерки ќе бидат во сила околу режимот на движење за претстојниот продолжен викенд и дали ќе има карантин за Бајрам. Одлуките ќе се темелат врз основа на предлогот, што треба да го достави Комисијата за заразни болести.

Според министерот за здравство Венко Филипче, се ќе зависи од епидемиолошките анализи на Комисијата за заразни болести.

Владата го очекува и предлогот на Комисијата дали деновиве ќе може да се отворат и угостителските објекти.