Македонија 19. јануари 2021. / 10:41

Владата денеска ќе ја одржи својата 40-та седница

Владата денеска ќе ја одржи својата 40-та седница

Владата на Република Македонија, денеска, ќе ја одржи редовната 40-та седница.

На седницата ќе бидат разгледани повеќе годишни програми за работа на агенции, самостојни управни органи и управни организации, меѓу кои и Предлог-програмата за работа на Владата.

На седницата за разгледување се ставени и Предлог-програмата за развој на спорт и млади, Предлог-програмата за изградба и реконструкција на спортски објекти и Програмата за работа на Агенцијата за енергетика на Република Македонија, за тековната 2021 година.

За заклучоците и одлуките од денешната Владина седница, која ќе се одржи преку видео-конференциска интернет врска, со почеток во 12:00 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение по завршувањето на седницата.