Владата на Македонија остро реагира на текстот објавен на вашиот портал со наслов “Заев ги прифатил сите барања на Бугарија, следува потпишување анекс на договорот” и го отфрла како полн со невистини и дезинформации.
– Владата категорично демантира дека се прифатени сите барања на другата страна во македонско-бугарските односи, а целосна манипулација е информацијата дека “следува потпишување анекс на договорот“, потенцираат од Владата.
Тие дополнуваат дека овој текст содржи манипулации.
– За манипулативната намера на овој текст говори и фактот што некои позициите изнесени во него се дел од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка потпишан во 2017 година, се вели во реакцијата.
Затоа, тие завршуваат со барање текстот да биде повлечен од јавноста.
– Бараме во целост да го објавите овој демант и да го повлечете од јавност текстот поради кој реагираме, истакнуваат на крајот во оваа реакција од Владата.