Владата денешната редовната четврта седница ќе ја одржи во Штип како четврта од серијата седници што се одржуваат во 10 региони во земјата.
Централна точка на дневниот ред на оваа седница е информацијата за состојбите и извршените посети во општините Штип, Пробиштип, Свети Николе, Радовиш, Конче, Чешиново – Облешево, Карбинци и Лозово.
По тој повод, како и за активностите на членовите на Владата во регионот, изјави за медиумите ќе дадат Претседателот на Владата на Северна Македонија Оливер Спасовски и градоначалникот на Општина Штип Благој Бочварски, информира владината прес-слижба.
Изјавите ќе бидат дадени во холот на општината во 17:10 часот.
Редовната 4-та седница на Владата на Македонија, со која ќе претседава премиерот Оливер Спасовски, се очекува да започне во 17:30 часот и ќе се одржи во зградата на Општина Штип и медиумите ќе можат да го фотографираат и снимаат почетокот на седницата.