Македонија 03. ноември 2020. / 13:04

Виенскиот терорист има и македонско државјанство, потекнува од тетовско Челопек

Виенскиот терорист има и македонско државјанство, потекнува од тетовско Челопек

Убиениот терорист, Кујтим Фејзулаи кој учествуваше во нападот во Виена каде загинаа пет лица, бил роден во Модлинг, Австија, а неговите родители се од тетовското село Челопек.

Австриската полиција преку Европол достави барање за соработка и информации околу овој случај и од страна на македонското МВР, а Секторот за меѓународна полициска соработка веднаш постапува.

Австрискиот министер за внатрешни работи, Карл Нехамер, го опиша напаѓачот како „исламистички терорист”, а бил вооружен со автоматска пушка, пиштол и мачета. Тој носел и лажен појас со експлозиви.

Фејулаи бил ослободен од затвор, условно на 5 декември минатата година, бидејќи, врз основа на неговата возраст, бил опфатен со поблаго законодавство предвидено за помлади престапници.

Тој има 20 години и претходно бил осудуван за тероризам.