Македонија 19. јануари 2021. / 09:53

(ВИДЕО) Зошто само Србија ни продава вакцини? Дали пописот е статистичка или политичка операција?

(ВИДЕО) Зошто само Србија ни продава вакцини? Дали пописот е статистичка или политичка операција?

Ова утро гостин во утринскиот подкаст „Утро со Златев“ гостин беше политичкиот аналитичар Александар Генчов.  Со него разговаравме за процесот на набавка на вакцинација, за пописот но и за европските интеграции на Македонија.

Генчов смета дека нашата земја значително доцни во вакцинацијата а набавените вакцини од Србија се многу малку. Според него за пописот се следат европските закони меѓутоа од друга страна се преговара и тоа го прави политички процес.

„ДУИ и тоа како има пристап до ова на високо национален интерес. Ние треба да имаме капацитет, процеси со луѓе кои се внатре кои ќе одговорат со највбисок државен интерес. Овој попис  е длабоко, длабоко политичка операција“, смета Генчов.

Како што вели пописот не треба да биде политички договор, туку треба да се знае точно колку луѓе живеат во државата.

„Доаѓаме до тоа колку пратеници ќе има во една изборна единица и број на гласачи. Имаме многу да разговараме на овие теми, но од прилика тука се наѕира, тука е процесот којшто е одлучувачки. Според мене пописот е многу поважен од било кои избори, попис којшто  одлучува за реалниот развој на државата. Мака околу бројките ќе имаме како нација. Треба да се пристапи многу сериозно, да се има национален консензус по ова прашање“, посочи аналитичарот.