Македонија 20. септември 2020. / 21:57

(ВИДЕО) Засилените полициски контроли не важат за сите: Зоран Заев вози мотор без кацига

(ВИДЕО) Засилените полициски контроли не важат за сите: Зоран Заев вози мотор без кацига

Полицијата деновиве врши засилени контроли. Само денеска беа санкционирани 339 возачи од кои и 33  мотоциклисти.

Но, од видеото кое што беше објавено на „Твитер“ попладнево станува очигледно дека правилата и законите не важат подеднакво за сите возачи во државата.

На снимката може да се види премиерот Зоран Заев како вози мотор, а ниту тој ниту неговиот сопатник не носат кацига, а за таков прекршок предвидена е парична казна.