Семејството Заеви почнаа да го селат капиталот од Македонија и се јавува како странски инвеститор во Бугарија.
Како што прашува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во ИЕ4, Александар Николоски, таквата постапка поставува едно основно прашање, а тоа е дали се подготвуваат за бегство по поразот на изборите на 15 јули.
Домашните фирми што се во сопственост на Заеви веќе се селат односно мигрираат во Бугарија, со што тамошните фирми стануваат сопственици на домашните фирми што Заеви ги поседуваат во Македонија. Покрај досега објавените фирми што се во сопственост на Заеви во Бугарија, а тоа се Ориентал Груп, Гомасидра, Радиша Трејд, сите формирани во Бугарија откако Зоран Заев е на власт, формирани се уште две нови фирми по претседателските избори, кога веќе мирисаше на скандалот „Рекет“ – истакна Николоски.
Двете нови компании се сопственост на братучедите на Зоран, Трајче Заев и Бобан Заев, а се основани на 13. мај 2019 година, на иста адреса во Петрич како и претходните фирми. Тие две фирми, со име „Медикал 420БГ“ и „Фарма ЕУ БГ“ се со потписот на братучедите Трајче и Бобан Заев.
Како што информира Николоски, тие две фирми, „Медикал 420БГ“ и „Фарма ЕУ БГ“ основани во Бугарија се јавуваат како сопственици на најмалкудве фирми во Македонија, а се и малцински акционери во неколку други фирми во Македонија.
Поради ваквите деловни трансакции, Николоски вели дека се поставува прашањето какви се намерите на семејството Заеви по поразот на изборите затоа што се свесни дека ќе мора да одговараат за направените криминал и корупција направени во изминатиот речиси 4-годишен мандат.
Истовремено, Николоски прашува и дали ова е причината зошто Заев во текот на целата кампања не одговорил на неговото прашање дали е во состојба да го докаже потеклото на сопствениот капитрал и потеклото на капиталот на неговото семејство, затоа што ВМРО-ДПМНЕ ветува дека во програмата „Обнова“ еден од носечките проекти во делот за борба против криминалоти корупцијата ќе биде да се донесе закон со кој ќе се испита потеклото на капиталот на сите луѓе коишто се занимавале со јавен живот во последните 30 години.