Македонија 18. април 2019. / 14:25

(ВИДЕО) Заев за апликацијата: Моделот го применивме од Шведска, па на некој му смета и мрчи

(ВИДЕО) Заев за апликацијата: Моделот го применивме од Шведска, па на некој му смета и мрчи

Премиерот Зоран Заев денеска објаснувајќи ја апликацијата „Избори 2019“ со која како што тврдат од Изборниот штаб на Гордана Сиљановска Давкова се прибираат информации од корисниците рече дека во неа нема ништо спорно и оти моделот го примениле од Шведска, објави ПресингТв.

Според премиерот, ова е грубо обвинување од страна на опозицијата.

-Ова веројатно е некаков изговор за некој што знае каков ќе биде резултатот, па тоа му смета и почнува да мрчи како што мрчел и порано и тоа е тоа.