Македонија 27. мај 2019. / 16:30

(ВИДЕО) Заев вербално нападна новинар

(ВИДЕО) Заев вербално нападна новинар

Премиерот Зоран Заев синоќа, по извршниот одбор на СДСМ, вербално нападна новинар.

Заев потврди дека го следел и интервјуто на екс премиерот Никола Груевски со оглед на фактот што го користеше неговиот вординг, односно претходниот тим за странски инвестиции го нарече ,,Дрим тим”.

Ќе има ли одговорност за господинот Кочо Анѓушев. Сега кажавте дека има 625 милиони евра странски инвестиции од кои што господинот Анѓушев во последото интервју кажа дека 420 милиони евра се реинвестирана добивка, запраша новинарот?

-Јас сум транспарентен, јас сум транспарентен. Но не знам на кој свет живеете и затоа ќе почнам вака да ви одговарам, затоа што не знам какви нарачки и налози добивате. Јас ќе продолжам да бидам транспарентен до крај со се. Ве слушнав убаво, сеа јас ви одговарам, вие можете да го конструирате прашањето како сакате, јас имам право да го констуирам одговорот како сакам. Јас ве слушав, сеа слушајте ме. Не знам какви нарачки добивате и од кој центри на моќ ги добивате, странските инвестиции се 624 милиони евра, се бележат исто како од самостојноста до сега. Зборуваме за странски директни инвестиции. Дури и кога некој реинвестира добивка, некој му создал услови во овие 24 месеци, вели тој.

Новинарот Фуркан Салиу денеска го осуди настанот и покажа како се однесуваат премиери во демократски земји а како во Македонија, во земја во која премиерот тврди дека е транспарентен а обвинува новинари за нарачани прашања.