Македонија 28. декември 2019. / 18:23

(ВИДЕО) Заев: Треба да се утврди дали воено лице има уставно право да биде министер!

(ВИДЕО) Заев: Треба да се утврди дали воено лице има уставно право да биде министер!

По средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на која станало збор за предлогот на опозицијата за технички министер за внатрешни работи, премиерот Зоран Заев изјави дека дека пред да биде прифатен предлогот треба да се провери дали Уставот овозможува воено лице да биде министер за внатрешни.

Претходно во јавноста излезе името на Драган Ковачки како предлог на ВМРО-ДПМНЕ за технички министер за внатрешнин работи.

Без да го споменува името, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по претходно остварената средба со Мицкоски, изјави дека за неговата партијата е прифатливо името на предложениот технички министер.