Македонија 10. јули 2020. / 19:49

(ВИДЕО) Заев се мајтапи со народот кој бара канализација во с. Банско: Цевките не се тесни, шират како одат надолу

(ВИДЕО) Заев се мајтапи со народот кој бара канализација во с. Банско: Цевките не се тесни, шират како одат надолу

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во изборна единица 4, вели дека Зоран Заев за 15 години не успеал да направи една канализација во село Банско струмичко, укажувајќи дека сега во ек на изборна кампања ископал две дупки и им подтавил цевки, но кога жителите на Банско реагирале дека една цевка е мала за цело село, Заев се мајтапел и ги убедувал дека цевките не се тесни и се шират како одат надолу.

Еден пример ќе дадам пак од народот некако примерите од народот најмногу зборуваат. Бев вчера во Банско струмичко, иначе таму е најубавата топла вода во Македонија и сите кои што имаат проблеми со ревматските заболувања знаат дека едни од најубавите бањи се таму. Луѓето при вода се без вода. Немаат канализација и бев таму и во четвртокот и во вторникот и што ми велат, Зоран Заев таму владее 15 години како градоначалник и премиер, 15 години му бараат канализација, 15 години не им ја гради и тргнал сега да ги лаже како на самиот пат, две дупки ископал, ама буквално две дупки и ставил една цевка од најмалите цевки. И сега веќе луѓето не се глупави, му велат абе сето ова е супер ама оваа цевката е тесна, не може за цело село канализација и ни срам, ни перде им вели како оди надоле се шири.
Со таков преварант имаме работа на кој што на 15 јули треба да му ставиме крај, затоа што цевките не се шират, ама криминалот негов се шири, вели Николоски.