На денешното гостување во Утрински брифинг, премиерот Зоран Заев, потврдува дека неговиот брат Вице Заев е директно поврзан со пропаднатата Еуростандард банка.
На прашањето за поврзаноста на струмичките компании во неплаќањето на кредитите, тој изјави дека една од фирмите е во сопственост на неговиот брат, кој има 35 милиони денари кредит.
Изјавата е од 2:38:00 до 2:40:00 минута
-Во една од фирмите учествува мојот брат, 35 милиони денари имаат кредит, а заложено 3,5 милиони евра објекти. Тие во моментот си го плаќаат кредитот. Односно од самите доминантни сопственици тој е малцински сопственик во таа компанија за 30%, рече Заев.