Македонија 20. јануари 2020. / 11:52

(ВИДЕО) Заев: Ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ заговара опасни тези за поништување или укинување на Преспанскиот договор

(ВИДЕО) Заев: Ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ заговара опасни тези за поништување или укинување на Преспанскиот договор

-Ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ заговара опасни тези за поништување или укинување на Преспанскиот договор. Тоа би нè вратило најмалку 25 години назад. Тоа би значело уривање на ЕУ-перспективата на земјата. Неизбежно ќе биде влошување на внатрешната политичка клима и застој во странските инвестиции – изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес-конференција во партиското седиште.

На првата прес-конференција по заминувањето од премиерската функција, Заев го повика лидерот на Христијан Мицкоски да престане со пласирање на тезите за поништување на Преспанскиот договор.

Тој рече и дека не верува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има двотретинско мнозинство за да ги реализира, како што посочи, ваквите закани и провокации. Заев вели дека не очекува Мицкоски да победи на изборите.