Македонија 07. јули 2019. / 21:47

(ВИДЕО) Заев одговори дали автопатот Миладиновци-Штип ќе се вика Гоце Делчев

(ВИДЕО) Заев одговори дали автопатот Миладиновци-Штип ќе се вика Гоце Делчев

Премиерот Зоран Заев кажа дека доколку постои одлука на Влада дека авотпатот Миладиновци-Штип ќе се вика Гоце Делчев, тоа нема да го промени.

Одговарајќи на новинарски прашање дали планира да го преименува автопатот Миладиновци-Штип со оглед на одлуката на претходната Влада која била и објавена во Службен весник истиот да се вика Гоце Делчев, Заев рече дека ако навистина имало таква одлука, тогаш во ред.

Заев накратко одговори дека ако е така, така и ќе остане, нема потреба од промена ако биле завршени процедурите за именување на автопатот, односно автопатот и официјално ќе се вика Гоце Делчев.