Македонија 23. декември 2019. / 15:28

(ВИДЕО) Заев не ги памети македонските ставови во односите со Косово-„Српскиот геноцид“ го заобиколи

(ВИДЕО) Заев не ги памети македонските ставови во односите со Косово-„Српскиот геноцид“ го заобиколи

Премиерот во заминување Зоран Заев на денешната средба со новинарите на двапати изрази несигурност. Покрај потребата да види во неговата агенда кога точно го пријавил случајот „Рекет“, тој не можеше да ги изнесе и ставовите на Република Македонија за односите со Косово.

Не можам сега да ги цитирам, ќе морам да се потсетам, изјави тој.

А, новинарското прашање беше дали го споделува ставот на српскиот претседател Александар Вучиќ, изнесен за време на лидерската средба во Тирана во кој го негира „српскиот геноцид извршен во Косово“.