Македонија 14. ноември 2020. / 11:15

(ВИДЕО) Заев на Светскиот ден на дијабетесот: Обезбедуваме лекови со највисоки светски стандарди

(ВИДЕО) Заев на Светскиот ден на дијабетесот: Обезбедуваме лекови со највисоки светски стандарди

Премиерот Зоран Заев денеска преку видео обраќање упати порака повод Светскиот ден на дијабетесот, 14 ноември.

Одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот нѐ потстетува дека од витално значење е да обезбедиме посветени политики и методи и терапии за добра контрола на состојбата на лицата со дијабетес. Тоа е обврска на општеството и затоа вложувањето во јавното здравство и во здравјето на сите граѓани е водечки приоритет во нашата земја.Тоа го докажавме со тоа што ставивме крај на ерата на набавка на несигурни средства за инсулинската терапија. Владата на Република Северна Македонија и Министерството за здравство, од 2017 година наваму, направија значајна пресвртница во пристапот кон лицата со дијабетес, изјави Заев.