Непристојна гестигулација и навреда покажуваше говорот на телото на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска во Прилеп кога тој на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски му порача дека нема да може да дојде на власт во април наредната година.
Заев на лидерот на ВМРО ДПМНЕ му порача дека се лаже ако мисли дека ќе дојде на власт по завршувањето на предвремените парламентрани избори наредната година.
Притоа премиерот ја употреби српската фраза „Мало сутра“ која што на времето ја употребуваше и Слободан Милошевиќ. Притоа при користењето на изреката Заев направи и гестикулација која е алузија на покажување машки полов орган со што на уште пониско ниво го симна и онака ниското ниво на политичка комуникација во земјата.
Заев со сексуално навредлив гест кон Мицкоски
Заев со сексуално навредлив гест кон Мицкоски: „Еве ти го на!“
Gepostet von Прва Република am Samstag, 26. Oktober 2019