Македонија 10. јули 2019. / 16:32

(ВИДЕО) Заев: Комичарите ги барав и јас, а завчера сфатив дека ме зафркавале

(ВИДЕО) Заев: Комичарите ги барав и јас, а завчера сфатив дека ме зафркавале

Руските комичари кои на премиерот Зоран Заев му се претставиле како Порошенко и Столтенберг во дури три јавувања во текот на една година, била двострана, односно и Заев ги барал нин.

Во изјава за медиумите, Заев денеска рече дека комуникацијата меѓу него и руските комичари била взаемна. Односно, дека е можно е и тој самиот неколку пати телефонски да им се јавувал убеден дека разговара со вистинските Столтенберг и Порошенко. Заев, запрашан кога открил дека се работи за измама, рече дека тоа го дознал дури завчера, кога биле објавени снимените телефонски разговори.