Првпат по промената на државното име од неговата Влада во февруари годинава, премиерот во заминување Зоран Заев во јавен настап, макар и нецелосно, изговори „Република Македонија“, пред веднаш да се поправи.
Педантниот изговарач на новото име со додавката „Северна“, лидер во неговата употреба и по неколку пати во една реченица и ревносен коректор на соработниците кога ќе им се испушти името на македонската држава по осамостојувањето конечно и самиот „згреши“ на денешната заедничка прес-конференција со својот чешки колега Андреј Бабиш во Прага.
„Република Македонија“ од устата на Заев по 24 секунди од видеото: