Македонија 28. декември 2018. / 17:28

(ВИДЕО) Заев им читаше новогодиншна бајка на деца од основно училиште

(ВИДЕО) Заев им читаше новогодиншна бајка на деца од основно училиште

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, на децата од второ одделение од ООУ Братство – Скопје, заедно со неговиот советник Петрит Сарачини, двојазично, на македонски и на албански, им читаа новогодишна бајка. Бајката беше за земјата Фантазија, а се читаше „Писмо од Фантазија“. Според сказната, која премиерот ја сподели со учениците, Претседателот на Република Фантазија во писмо упатено до децата, пишува дека е многу загрижен за неговата земја, која е пред сериозна закана да исчезне.


Децата од училиштето „Братство“ со одобрување го прифатија предлогот да читаат повеќе, да подаруваат книги и на тој начин да ги спасат јунаците од земјата Фантазија, соопштува Владата.

Откако ги прифатија книгите од новогодишниот пакет на Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, децата го прифатија и вториот предлог со кој се покануваат ученици од сите училишта во земјата, да пишуваат раскази или песнички, кои потоа ќе бидат испечатени во книга која ќе им биде подарена на сите училишни и градски библиотеки во земјата за да можат да ги читаат сите деца и да бидат подарок за идната Нова Година.

Во знак на сеќавање на оваа средба, децата од училиштето „Братство“ на премиерот Заев му подарија елка и новогодишна честитка што самите ги изработиле, информира Владата.

Заев на крајот направи селфи.