Македонија 23. септември 2020. / 11:01

(ВИДЕО) Заев: Гоце Делчев е македонски револуционер, но бугарската страна го смета за бугарски

(ВИДЕО) Заев: Гоце Делчев е македонски револуционер, но бугарската страна го смета за бугарски

Гоце Делчев е македонски револуционер, но бугарската страна го смета за бугарски, рече премиерот Зоран Заев во одговор на новинарско прашање – за што тој лично го смета Гоце Делчев.

-Гоце Делчев е македонски револуционер, но исто така е факт дека Бугарија и Бугарите го сметаат исто така за бугарски револуционер. Факт е дека ние имаме град, Делчево и во Бугарија има град што се нарекува по Гоце Делчев, имаме и споменици во Северна Македонија и во Бугарија. Заедно со премиерот Борисов се поклонивме пред споменикот во Благоевград, но и тука во Скопје, на гробот на Гоце Делчев, рече Заев.