Премиерот Зоран Заев денеска го осуди настанот со Курто Дудуш, откако Лидер ја објави аудио-бомбата на која се слуша како градоначалникот малтретира човек во својот кабинет.
– Дадовме конкретно соопштение, јас целосно стојам позади тоа. Осудуваме секаков вид на насилство, и ги повикуваме органите на прогонот да си преземат конкретни дејствија, бидејќи одговорност мора да има за секого, тоа сме го гарантирале и продолжуваме да го гарантираме. Ваквите постапки се недозволиви, од кој сака нека се во нашата земја. Затоа, мора да има одговорност, а јас лично го осудувам ваквиот настан и се надевам дека нема да се повтори никаде, на никое место во нашата земја. – изјави премиерот Заев.