Македонија 05. ноември 2019. / 18:43

(ВИДЕО) Заев ги повика ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да поддржат една изборна единица

(ВИДЕО) Заев ги повика ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да поддржат една изборна единица

СДСМ поддржува една избoрна единица и промена на изборниот модел, рече премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, на јавната расправа за воведување една изборна единица, која се одржа во Собранието. Според него, дојдено е време за разбивање на бипартизмот во македонскиот и албанскиот политички блок.

Jас имав чест како претседател на владата, но и како претседател на СДСМ како најголема политичка партија во државата да присуствувам и да дадам свое размислување во името на СДСМ. Се работи за важна работа која се дискутира во државата, а тоа е еден чекор повеќе во демократијата да направиме како одговорност пред граѓаните, општеството, државата, оваа дебатата што е отворена за иницијативата предводена од Љиљана Поповска, како и сите пратеници што се заедно во оваа работа, има веќе 15 пратеници како носители на иницијативата има потреба да се измени изборното законодавство и да се вгради нов изборен модел, заради тоа што граѓаните тоа го очекуваат, а сите ние очекуваме да направиме повеќе за својот народ, изразениот ризик дека секогаш овие модели може да донесат ризик за идно автократско однесување на поединци од поголемите политички партии, но и секако демократскиот начин на изразување на фер шанса за сите особено помалите политички партии и имајќи ја предвид мултиетничноста во државата, која е буквално распоредена на секаде низ Северна Македонија, верувам дека има сериозни аргументи за да се води оваа дискусија и да не носат сериозни одлуки во функција на унапредување на демократијата, изјави Заев.

Според Заев  ваквиот модел ќе се има поголем легитимитет и своја тежина секој избран пратеник, а тоа може да донесе и нови квалитативи за севкупниот живот на граѓаните и да падне тој клиентелизам што го чувствуваме во сите власти.

Ќе можеме на поинаков начин да делуваме во департизацијата или деполитизацијата во нашето општеством, вклучувајќи ја и јавната администрација во државата, како и голем број на придобивки кои може да се случат. Јас сакам како претседател на најголемата политичка партија да испратам порака до ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, да размислат внимателно има секако и кај нив демократски капацитети, а добиваат сите од оваа работа, ако некои губи прво ќе изгуби  СДСМ, па ВМРО-ДПМНЕ и верувам понатаму не губат политичките партии, напротив само добиваат. Но, ќе добие демократијата, ќе добие значење концептот едно општество за сите. При овие околности дадов денеска сериозно охрабрување и до албанските политички партии кои дел беа овде, не смеат да се откажуваат од традиционалните гласачи во 3 и во 4 ИЕ, затоа што кога ќе биде 1 ИЕ, тие ќе дојдат на нивното конто. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе можат навистина да ги измерат своите сили уште почесно, и ова го зборувам во момент кога СДСМ има многу посериозен коалициски капацитет и тоа граѓаните препознаваат. Трето, опцијата за коалициски настап останува, и на крајот потврдив и на оваа дебата дека Парламентот може да смета на СДСМ преку глас на пратениците за изборниот законик, изјави Заев.