Македонија 24. декември 2019. / 16:45

(ВИДЕО) За Србите Заев е премиер на Северна Албанија

(ВИДЕО) За Србите Заев е премиер на Северна Албанија

Александар Вучиќ, претседателот на Србија, синоќа беше гостин во емисијата „Став“ на ТВ О2, а негов домаќин беше водителот Милован Јовановиќ.

Интересно за Македонија и Македонците во целото интервју беше моментот кога водителот почна разговор со српскиот претседател за иницијативата „мал Шенген“, кога го нарече Зоран Заев „премиер на Северна Албанија“.

Можеби се работи за лапсус и ненамерна грешка од страна на водителот, но ова го премолче и Александар Вучиќ.