Македонија 20. ноември 2018. / 12:45

(ВИДЕО) Вучиќ: Ние немавме право да го спречиме Груевски, немаше потерница против него!

(ВИДЕО) Вучиќ: Ние немавме право да го спречиме Груевски, немаше потерница против него!

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ синоќа изјави дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски со регуларни документи влегол во Србија, бидјеќи во тој момент против него не била распишана никаква потерница и дека во Србија било сторено се во согласност со законот.

Вучиќ истакна дека Груевски легално, ја напуштил Србија на 12 ноември, а дури наредниот ден била распишана меѓународна потерница по него.

-На 11.11 во текот на ноќта, некаде меѓу 1 и 2, немаме официјални податоци, лицето Никола Груевски влегуа на територијата на Албанија, легитимирајќи се и во придружба на две лица од унгарска националност. Потоа влегува во Црна Гора на преминот Божај, повторно со регуларни документи и со пропусница издадена во унгарската амбасада во Тирана. Потоа влегува во Србија со регуларна лична карта и во придружба на двете лица, по што на 12.11 во 5.11 часот ја напуштил Србија на преминот Хоргош со пропусница бр. 100.501 издадена во Тирана, со лична карта и во придржба на лица со дипломатски документи и со дипломатско возило- наведува тој. Додава дека во тој момент немало никаква потерница за Груевски.

 

-Дури на 13.11 во 19,35 часот од Интерпол Скопје ни е испратена потерница. Значи да го застанавме, тоа би било киднапирање на Груевски од наша страна”, рече Вучиќ и додаде дека се е направено во рамките на законот- додаде Вучиќ.