Македонија 22. ноември 2019. / 12:57

(ВИДЕО) Вучиќ до Пендаровски: Стево зошто ти се слушалки кога десет пати подобро зборуваш српски

(ВИДЕО) Вучиќ до Пендаровски: Стево зошто ти се слушалки кога десет пати подобро зборуваш српски

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја започна дводневната посета на Србија. По свечениот прием пред Палатата Србија, македонскиот претседател оствари тет-а тет средба со неговиот домаќин Александар Вучиќ, a по средбата двајцата претседатели одржаа прес конференција.

Пред почетокот на своето обраќање, Вучиќ имаше интересен коментар до претседателот Пендаровски.

Па Стево што ќе ти е превод, се знаеш, како и јас, мене не ми треба превод за македонски, тој десет пати подобро зборува српски – гласеше коментарот на Вучиќ додека претседателот Пендаровски се обидуваше да ги намести слушалките за превод.