Македонија 07. декември 2020. / 13:48

(ВИДЕО) Втор ден протести во Прилеп, тутунарите не отстапуваат од своите барања

(ВИДЕО) Втор ден протести во Прилеп, тутунарите не отстапуваат од своите барања

Самоиницијативната група тутунари од Прилепско кои вчера излегоа на протести во Прилеп одново на улиците. Не отстапуваат од нивните барања, цената на тутунот да не биде под 200 денари.

Како што тие рекоа, вчерашниот беше предупредувачки протест, со цел да се искаже незадоволството од досегашните цени при откупот кои се многу ниски и им го обезвреднуваат трудот. Затоа денеска одново излегоа на улиците.

Според Игор Мирчески од Иницијативниот одбор на „групата македонски тутунари“, тие нема да го дадат тутунот за цената на една кутија цигари и по досегашната цена од 120-тина денари. Велат со години немало вакви нисики цени. Нивните барања се: цената да не биде под 200 денари, да се цени реално според квалитетот и државата да најде начин да ги заштити.

Во продолжение еве го видеото од денешниот протест.