Македонија 12. ноември 2019. / 12:46

(ВИДЕО) Вработените во Охис на протест пред Влада

(ВИДЕО) Вработените во Охис на протест пред Влада

Поранешните вработени во фабриката Охис денеска ја блокираа улицата кај Владата во строгиот центар на градот.

Тие бараат исплата на 24-те неисплатени плати.

Тие како и неодамна ветија дека ќе протестираат секој вторник и петок се додека Владата не ги исполни нивните барања.

Нивните очекувања главно се однесуваат за исплата на побарувања од стечајната постапка за 24 неисплатени плати и за затворање на придонесите од плата за периодот од јуни 2012 година до октомври 2013 година, како и во списокот за обесштетувања од стечајната маса на АД Охис да бидат вклучени и вработените од фабриката „Малон” АД Охис.