Македонија

(Видео) Во МВР фатени 40 вработени со фалсификат дипломи

(Видео) Во МВР фатени 40 вработени со фалсификат дипломи

Во Министерството за внатрешни работи биле откриени 40 вработени кои имале фалсификувани дипломи од факултети, откри министерот Оливер Спасовски во неговото гостување во емисијата „Клик-Плус“ на ТВ 21.

– До сега беа откриени преку 40 лица вработени во МВР со фалсификувани дипломи. Овие лице стигнале и до значајна функција во МВР, но по откривањето добија отказни решенија и кривични пријави. А кривични пријави беа поднесени и до факултетите кои ги издале тие дипломи – рече Спасовски.