Македонија 18. јануари 2020. / 13:35

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ во понеделник ќе ја започне кампања „Обновата пред вашиот дом“

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ во понеделник ќе ја започне кампања „Обновата пред вашиот дом“

„Три години Зоран Заев и СДСМ владеат со лаги, измами и криминал. Три години граѓаните страдаат, а мафијата профитира.

Економијата е далеку од ветените 5% раст. Администрацијата е партизирана. Функционерите наместо да работат со нозете во вис го поминуваат работното време. Безбедноста на граѓаните е доведена под знак прашалник, криминалци се препукува по улиците и за тоа никој не одговараше. Откуп за земјоделските култури нема, а кога има цената е мала. Болниците се како во хорор филм, а студентските домови се нефункционални.“, се обрати Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Зоран Заев и СДСМ, како што рече, наместо на развој се насочија на раскрчмување на државата. Според Јанушев, се делат тендери и бизниси на фирми формирани непосредно пред да се распише јавниот повик.

„Оваа власт ќе остане обележана по епидемијата на непотизам, грантовите на Фондот за иновации кои беа делени на лица блиски до власта, 35 милионскиот “крвав тендер” во здравството, сомнителната поделба на лиценците за возачки испитни центри, тендерите кои ги добиваше невенчаниот сопруг на Царовска, сомнителните бизниси на Анѓушев и Заеви, Леонардо, Сар Хемс, Рекет 1, 2 и 3 и редица други криминални афери.“, наведе Јанушев.

Ветуваа правна држава, а го уништија системот. Судски пресуди се пишуваат по нарачка, а обвиненија се отвораа само со дозвола на Заеви. Заглавија патриоти во затвор, а убијци пуштија на слобода. 1200 криминалци наместо во затвор се на улиците и секојдневно ги тероризираат граѓаните на Република Македонија, рече тој.

Ја клекнаа државата на колена, обвини Јанушев, додавајќи дека ја убија надежта кај луѓето.

„Граѓаните се иселуваат масовно, што поради нискиот стандард, што поради нефункционалната држава. Апатијата, криминалот и безредието мора да завршат. Тука сме. Имаме идеја и визија за обнова на Македонија, за ставање на државата на брза трака кон ЕУ. Македонија мора да биде просперитетна, Македонија мора да биде напредна.“, заклучи генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

„Од понеделник, 20 јануари почнуваме со кампања ,,Обновата ПРЕД ВАШИОТ ДОМ”. Тимови на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги посетат вашите домови, ќе ги посетиме сите населени места, села и градови. Ќе разговараме со секој еден од Вас. Заедно со вас ќе ја поразиме оваа криминално рекетарска банда на власт. Доаѓаме сега, но ќе дојдеме и по 12 април. Вие граѓаните сте причината за која работиме.“, објави Јанушев.

Тој потсети дека сите ОК на ВМРО-ДПМНЕ се отворени секој ден од 18-21 часот и сите граѓани можат да дојдат и да ни се приклучат, додавјќи дека почнувајќи од викендот 25 и 26 јануари, тимови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ почнуваат со посета на рурални средини, нема да има населено место од најмалото до најголемото, нема да има човек во Македонија што ќе остане непосетен.

Исто така претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе започне кампања „Мицкоски со граѓаните“ , каде во овој период ќе ги посети градовите, ќе разговара со граѓаните, еснафот, бизнисмените, земјоделците. Ќе се погледнеме очи во очи со граѓаните, и ќе им се каже дека Македонија има и шанса и надеж и дека обновата доаѓа, наведе Јанушев.

Тој порача дека се тука  до граѓаните, додавајќи – Заедно ќе победиме. За ова зло никогаш да не се повтори. Зоран Заев никогаш повеќе.

Заев и СДСМ се виновни за поразите, измамите и криминалите. На 12 април следува одговорност. Заев никогаш повеќе, обвини Јанушев.