ВМРО-ДПМНЕ од утре започнува со собирање потписи против законот за попис. Ова денеска го потврди потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски по денешната средба со пензионерите во општина Бутел.
– Ние започнуваме уште од утре насекаде низ Македонија да ги собираме овие потписи, затоа ги охрабруваме граѓаните ќе не има секаде низ плоштадите, ќе не има на улиците секој кој што сака да ни даде поддршка да дојде да се потпише, бидејќи сакаме што повеќе граѓани да бидат опфатени, а потоа се разбира ние заеднички да ги поднесеме за соборување на овој закон. Секако тука ќе бидеме сите пратеници да се потпишеме и потоа да ги доставиме, рече Мисајловски.
Порача дека кампањата ќе треае следните неколку десетици денови и оти се добредојдени сите кои ќе сакаат да се приклучат.
– Од утре ќе нѐ има насекаде и ќе продолжиме и во наредните денови се разбира, да дојдат да се потпишат и потоа со едно мото да имаме реален потпис, и затоа го бараме потписот на граѓаните за сето ова да го измениме, додаде Мисајловски.