Македонија 03. октомври 2018. / 14:51

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Јавниот обвинител Љубомир Јовески да си поднесе оставка

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Јавниот обвинител Љубомир Јовески да си поднесе оставка

ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од јавниот обвинител Љубомир Јовески и на негово место да дојде обвинител кој, како што велат, нема да се плаши од Зоран Заев

„Љубомир Јовески не смее да го држи во заложништво Јавното Обвинителство и да нема буквално никаков одговор на сите сомнежи дали и кои бизнисмени го послушале Заев и купувале гласови за изборни цели? Кој дал наредба да се крши изборниот молк, кој ги набавувал телефоните и кој повикувал гласачи на денот на гласањето? Обвинителство, водено од Јовески спие додека се одвиваат изборни кражби, полнења на кутии, кол-центри, јавен поткуп на гласачко право.

Јовески не реагира ниту по службена должност по допрен глас, ниту по поднесена кривична пријава со докази за основано сомнение за поткуп и поттикнување поткуп за изборни цели поднесена од опозицијата. Јовески веројатно нема да мрдне да истражи до крај кои биле полначите и чија била наредбата да се полнат кутиите за време на референдумот, нешто заради што е и поништено гласањето на Избирачко место од ДИК. Јовески нема да излезе од сенката на пупката на расцветаното судство на Зоран Заев, ЈО не реагира, а опозицијата обвинува за кражба на 50-тина илјади гласови“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

За денот на гласањето, додаде тој, посочивме на низа нерегуларности, аргументирано и со докази за кршење на молкот, лажно претставување, злоупотреба на телефонски броеви, кол центри на СДСМ, потоа основано сомневање за полнење на кутии, лажирање на резултати, насилство врз набљудувачи.

„ВМРО-ДПМНЕ постојано поднесува кривични пријави за кривични дела против изборите, за кои ЈО треба само по службена должност, екс официо, веднаш сами да отворат истрага! Ама, Јовески го нема. Човекот чека некој друг да му ја заврши работата“, рече Стоилковски