Македонија 18. септември 2018. / 15:42

(ВИДЕО) Власта ги присилува граѓаните да му поставуваат прашања на Заев

(ВИДЕО) Власта ги присилува граѓаните да му поставуваат прашања на Заев

На трибината на власта во кампањата „За“ промена на уставното име на референдумот, која се одржа синожа во Струга беше забележан притисок врз граѓанин да му постави прашање на премиерот Заев.

На видеото од трибината се забележува како еден од организаторите му се приближува на присутен граѓанин и му вели да постави прањаше. По гестикулациите на лицето, се гледа дека граѓанинот одбива да постави прашање, по што организаторот му се приближува и заканувачки на убо му го кажува прашањето. Кратко потоа може да се види, дека истиот граѓанин поставува прашање.

Видеото може да го погледнете во прилог: