Македонија 16. јануари 2019. / 12:29

(ВИДЕО) ВИЦ€ ЗА€В СЕ ЗАПОТИЛ И ЦРВЕНЕЕЛ ОД ИЗЈАВАТА НА НИКОЛОСКИ – сега бара 500€ оштета!

(ВИДЕО) ВИЦ€ ЗА€В СЕ ЗАПОТИЛ И ЦРВЕНЕЕЛ ОД ИЗЈАВАТА НА НИКОЛОСКИ – сега бара 500€ оштета!

Почна судскиот процес за клевета и навреда на честа, во кој Вице Заев – брат на премиерот Зоран Заев – го тужи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Братот на премиерот го тужи Николоски затоа што за неговата изјава дадена во „Отворено студио“ на „1ТВ“ на 24 октомври лани и бара оштета од 500 евра. На подготвителното рочиште денеска Вице Заев не дојде, го застапуваше неговиот роднина и адвокат Горан Заев, додека Николовски се застапува сам и не користи адвокат.

Николоски е тужен затоа што изјавил „и во Брисел и во Вашингтон многу добро знаат која е ориентацијата на ВМРО-ДПМНЕ и дека таа е прозападна, про-НАТО и про-ЕУ. Всушност, ние сме и прва партија која тоа го промовирала. Во исто време многу добро знаат дека прозападни и про-НАТО и про-ЕУ вредности не се наместени тендери, бизниси за членови на семејството и братот на премиерот, кој станува главен бизнис фактор во државата Тоа се далеку од едни европски и западни вредности“.

Александар Николоски после денешното рочиште пред судот изјави дека Вице Заев го тужи затоа што рекол  дека про НАТО и про ЕУ вредности, не се наместени тендери , бизниси за членови на фамилијата и братот на премиерот кој станува главен бизнис фактор во државата.

Во тужбата поднесена од братот на лидерот на СДСМ, стои дека изјавата на Николоски кај него предизвикала потење, црвренеење и депресијат.

Вице Заев не се појави на рочиштето кое беше закажано денеска, а неговиот роднина адвокат Горан Заев, избегна да одговара на новинарските прашања по рочиштето.

Од друга страна, Николоски во изјава за медиумите рече дека со тужбата, Заев врши притисок со тужбата кон потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и дека праќа заканувачка порака кон другите во државата. Во исто време, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ своевремено се договориле да ја прекинат праксата на меѓусебни тужби за изјави, но очигледно СДСМ ја прекунува оваа пракса сакајќи да прати заканувачки пораки.

-Јас решив да се бранам сам затоа што немам потреба од адвокати и правна помош затоа што тужбата е класичен нонсенс и е исклучително политички притисок, во интерес на јавноста, Вице Заев тужи за нарушен чест и углед за тоа што сум го кажал дека про НАТО и про ЕУ вредности, не се наместени тендери, бизниси за членови на фамилијата и братот на премиерот кој станува главен бизнис фактор во државата, во телефонско јавување во еден медиум. И сум кажал дека и во Брисел и во Вашингтон многу добро знаат дека тоа не се прозападни вредности. Значи ова е причината зошто го малтретираме судот, зашто се трошат средства и зашто се одзема и Вашето време, зашто се одзема и моето време. Но очигледно поракара е друга, пораката на главниот бизнис фактор во државата е, тогаш реков станува а сега веќе е станат затоа што веќе има поминато време, е до сите бизнисмени во државава, да размислат дека ако може главниот бизнис фактор во државата да го тужи потпретседателот на ВМРO-ДПМНЕ, вториот човек на опозицијата што може да им се случи на нив, изјави Николоски.