Македонија 28. октомври 2019. / 20:54

(ВИДЕО) Вечерва на Алфа ТВ: Интервју со тепаниот од Курто Дудуш

(ВИДЕО) Вечерва на Алфа ТВ: Интервју со тепаниот од Курто Дудуш

„Прво ме тепаше градоначалникот, а потоа советникот негов. Ме удираа со тупаници и шамари“, ова е дел од сведоштвото на жртвата киднапирана и тепана од страна на градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш.

Жртвата во интервју за Алфа Тв сведочи за инцидентот кој се случи во април годинава, а за кој јавноста дозна преку објавената аудио снимка. Жртвата тврди дека наводно градоначалникот ја заклучил вратата од просторијата, а клучот го извадил од бравата за потоа да биде тепан во пределот на главата.

– Наводно јас сум го пцуел него и фамилијата. Од тоа нема буквално ништо“, вели Сенат Јашар и додава дека настанот му го сменил животот.

Целото интервју ќе биде објавено во вестите на Алфа ТВ вечерва во 22 и 30 часот.