Спикерот на Собранието Талат Џафери, се јави во живо во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 каде гостуваа пратениците на СДСМ и ДУИ, Мухамед Зеќири и Ејуп Алими.
Џафери се јави за да го обвини пратеникот Павле Богоевски дека неделовнички ја водел матичната Комисија на која се расправаше за имунитетот на Трајко Вељаноски. Според Џафери, токму Богоевски е виновен за тоа што на Вељаноски не му беше симнат имунитетот.
Џафери го осуди Зеќири за неговото однесување како пратеник и рече дека неговото однесување на собраниската седница било под секое ниво. Собранискиот спикер обвини дека целата одговорност е на Богоевски, кој на пленарна седница донел одлука без заклучок на Комисијата, одлука која била надвор од сите процедури на деловникот на Собранието.
За време на дебатата и Алими ја префрли одговорноста на Богоевски. Тој рече дека Зеќири и Богоевски со нивното однесување и гестикулации делувале како да имаат подготвено сценарија за да го оневозможат претседателот на Собранието да ја стави на гласање точката за одземање на имунитетот на Вељаноски.
Зеќири, пак, го нападна пратеникот на ДУИ дека неговата партија и ВМРО-ДПМНЕ договорено го спасиле Трајко Вељаноски, за да утре не биде одземен неговиот имунитет, мислејќи на тоа дека Алими е обвинет во судски предмет на СЈО.
На прашањето на водителот Фатмир Алиу, дали ќе останат во коалиција со ДУИ, Зеќири рече дека партискиот состанок ќе продолжи во наредните денови.
– Вечерва поради обврски на Владата се одложи партискиот состанок. Се надевам утре или наредните денови ќе се одржиме партиски сотанок на кој би требало да разговараме и на оваа тема. Бројките ја прават Владата. Секако, доколку ги имаме бројките за формирање на Влада и без ДУИ и тоа е опција, зошто да не! – рече Зеќири.