Денеска на утринскиот подкаст „Утро со Златев“ гостуваше Стојанче Ангелов и на ова интервју беа изнесени некои информации кои не ѝ се познати на јавноста.
Генералот Стојанче Ангелов на денешното гостување дојде во улога на в.д. директор на Центарот за управување со кризи и со него иако првенствено се разговараше за пандемијата Ковид-19, сепак беа изнесени и други информации.
Една од ексклузивните информации кои беа соопштени на гостувањето во Радио Лидер е споделување на спомен од младоста на Ангелов каде кршел автомобили со сегашниот координатор на ВМРО-ДПМНЕ Мицевски од Штип.
Повеќе може да видите на видеото во продолжение.