Недозволиво е Оливер Спасовски четири дена да крие кои се причините поради коишто потпишал налог и наредба и да не ѝ соопштува на јавноста каква е задачата што службеникот ја извршувал во кампот Евридики.Недозволиво е да нема образложение кои биле девојките и во каква роднинска врска се со високиот функционер во полицијата? Дали е точно дека една од девојките била ќерка на директорот на Бирото за јавна безбедност, а останатите биле нејзини другарки?Недозволиво е да ја манипулираат и потценуваат јавноста дека кесите од продавницата ‘Лидл’ со коишто е преполн полицискиот џип се државна тајна”, рече Стоилковски.
(Видео) Стоилковски: Во ниедна директива на ЕУ не стои дека службени возила треба да се користат за превоз по плажи

СДСМ безобразно ги злоупотребува државните ресурси за задоволување на хедонистичките страсти на сопствените функционери. Со вакво однесување осиромашуваат граѓаните, а државата е сè подалеку од Европската Унија.Во ниедна директива на ЕУ не е пропишано дека службени возила треба да се користат за превоз на деца на функционери по морските плажи.
Кога може функционер на МВР-Турс да си ја носи ќерката и нејзините другарки на одмор со службено возило што може граѓаните да очекуваат следно? Дали директорот на ЈСП да си ги носи роднините со градски автобус или Стојанче Ангелов да си земе авион за летување?, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, Оливер Спасовски четири дена крие што бара службениот полициски џип на плажа во кампот Евридики. ,,Спасовски и СДСМ мислат дека граѓаните се наивни и не знаат каква службена должност може да се извршува во автокампот во кој висок полициски функционер, според информациите во медиумите, имал своја камп-приколка. Согласно со уредбите на МВР, полициски службеник кој патува во странство мора да го најави своето патување и да ги образложи причините за истото. Доколку патува службено, за истото мора да има наредба и патен налог.