Македонија 09. ноември 2018. / 14:06

(Видео) Стоилковски: СДСМ ја партизира администрацијата од хигиеничар до министер

(Видео) Стоилковски: СДСМ ја партизира администрацијата од хигиеничар до министер

Зад мене е центарот за полнење на администрација, за вработување на мајка, синови, ќерки, татковци, стрини, вујни, чичковци по принципот „партизација на администрација од хигиеничар до министер“. Ова го изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски од пред седиштето на владејачката партија.

-Услов е кандидатот да биде член или да биде поврзан со што повисок функционер во партијата. Костадин Костадинов е поранешен советник, па ВД градоначалник на Струмица, сега пратеник и партиски портпарол на СДСМ кој вели немало непотизам! Особено не за вработувањето на мајката си во Централниот регистар во Струмица. Без паника и страв, а во име на транспарентноста и отчетноста, и во име на штитењето на јавниот интерес, Костадинов, а и СДСМ, треба да одговорат дали за вработувањето на овој свеж, мотивиран кадар без врски во Струмица, како предност и висококвалификувано искуство е земено туркањето на семејни фирми во стечај- рече Стоилковски.

Тој праша зошто од регистарот во 2013 година била избришана фирмата ФАНИ ЕКСТРА ДООЕЛ Увоз Извоз Струмица, регистрирана за трговија со пијалаци, и зошто е поведена стечајна постапка преку УЈП за фирмата ФАНИ ЛОГИСТИК ДОО, за трговија со пијалаци на големо, а субјектот е се уште во постапка за бришење.