Македонија 16. декември 2020. / 21:18

(ВИДЕО) Стоилковиќ: Република Македонија е ставена на операциона маса и над нас се врши експеримент

(ВИДЕО) Стоилковиќ: Република Македонија е ставена на операциона маса и над нас се врши експеримент

Историјата е учителка на животот и оние кои не ја научиле доволно секогаш ќе ја повторуваат. Во овој момент во Македонија се случува повторување на историјата, а секогаш кога се повторува историјата таа се повторува катаклизмично, вели во гостувањето во радио емисијата „Филибастер“ пратеникот Иван Стоилковиќ, претседател на ДПСМ.

Стоилковиќ смета дека многу тешко ќе оди имплементацијата на тоа што е договорено, затоа што тоа ќе треба да се напише во учебниците по историја, претпоставувајќи дека нема да биде прифатливо за најголемиот дел на припадниците на македонскиот народ и затоа вели „власта оди по скратен пат“.

-Бришењето на историјата на еден народ, бришењето на неговите идентитетски придобивки и на сето она што, условно кажано, било подлога за живеење на луѓето на оваа територија треба да се избрише и тоа мислам дека ќе биде сериозен предизвик. Меѓутоа и делот од Меѓународната заедница и делот од домашните политичари тоа не го работат на памет. Очигледно дека Република Македонија и неколку граѓани на земјата сме ставени на една операциона маса и над нас се врши еден експеримент, односно условно кажано се врши операција на отворено срце без да се користат средства за одложување на болката, вели Стоилковиќ.