По низата шпекулации во медиумите и на социјалните мрежи, екс градоначалникот на Дојран, Борче Стамов дел од иницијативата за Вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ потврди дека екс директорот на УБК Сашо Мијалков е на чело на иницијативата.
И покрај фактот што Мијалков повеќе не е член на ВМРО-ДПМНЕ на дешната прес конференција, Стамов истакна дека тој бил еден од првите кои јавно побарале оставка од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Стамов тврди дека многумина се иницијатори на идејата за вонреден конгрес меѓу кој е и самиот Мијалков.
-Иницијативата за свикување на вонреден конгрес доаѓа од многубројни членови, вклучително и од господинот Мијалков кој се јави како еден од првите и повика дека е потребно свикување на вонреден конгрес, вели Стамов.